Почнува наплата на затворените градски паркиралишта во Битола

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Oпштина Битола, од денеска почнува со наплата на паркинг услугите на четирите затворени паркинг простори во градот.

Станува збор за локациите Јавор, Стара автобуска, Центар за култура и Спортска сала кои како што посочуваат од градски паркинзи, комплетно се опремени, а во функција се и терминалите и рампите.

-Во тек е тестирање на зонското паркирање и во оној момент кога ќе се потврдат тестовите за наплата преку мобилен оператор, веднаш ќе биде воспоставен систем на наплата на зонското паркирање. Наплата на услугите ќе се врши со нов ценовник во кој е извршено намалување на цената на паркинг сесијата. На трите затворени паркиралишта Јавор, Стара автобуска и Центар за култура цената на услугата изнесува 30 денари за два часа, а за секој нареден час се доплаќаат 25 денари, додека цената на услугата на паркингот кај спортска сала „Боро Чурлевски“ изнесува 30 денари за цел ден. Наплатата на услугите ќе се врши од 7 до 21 часот од понеделник до сабота, истакна Зоран Дојчиновски, директор на битолски паркинзи.

Од тамошното јавно претпријатие чиј основач е Општина Битола нагласуваат дека со почнувањато со работа на јавното претпријатие почнува процесот на решавање на сообраќајниот режим на паркирањето во овој град. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *