Угостителите предлагаат: Дезинфекција на бидермаерот и лотарија на свадбите за да започнат со работа

На неколку страници, со јасни и прецизни насоки за работа, дел од угостителите изготвија правилник  по кој сметаат дека треба да функционраат во идина. Нивните предлози се веќе доставени до надлежните.

Се очекува во текот на денот тие да имаат средба во Министерството на која ќе се знае кои од овие предлози ќе бидат прифатени, а кои не. Средбата ќе се одржи он лајн.

Правилникот содржи предлози по кои треба да работат рестораните, кафулињата, хотелите, клубовите, дискотеките. Точно е наведено како треба да се примаат гостите, каде и како да седат, и каква заштитна опрема треба да носат и гостите и персоналот кои работи во објектот.

Задолжително дезинфицирање на рацете пред влез во објектот.

Персоналот постојано да носи заштитна опрема рацете да ги мијат на секои 30 минути или да ги менуваат ракавиците.

При земање на нарачка да се држи растојание од 1 метар.

Мобилните уреди да стојат на обележано место.

Во тоалетите да се забранат феновите за раце.

Во рестораните за свадби, бидермаерот на невестата да биде дезинфициран, а да се доделува по принципот лотарија со влечење на бројче.

Вратите, кваките, огледалата да се дезинфицираат на секои 30 минути.

Келнерите кога ќе имаат контакт со пари истите се обврзани да ги чуваат во новчаник кој ќе биде постојано дезинфициран, а при секоја наплата на сметка да ги мијат или со гел дезинфицираат рацете.

Ова се само дел од  листата на предлози во правилникот од угостителите по кои сметаат дека треба да се работи. Но се уште е неизвесно кои од нив ќе бидат прифатени. Неофицијално Сител дознава дека поголем дел од нив листата е одобрена и надополнета со предлози од епидемиолози.

Угостителите велат дека со правилникот целосно ќе се промени традиционалниот начин на фунцкионирање и граѓаните и работниците во секторот ќе мора да се навикнат на промените. Очекуваат отворање на објектите веќе од следната недела, но и покрај тоа сметаат дека нема простор за одржување на матурските прослави.

Вчера и Министерот за економија Бектеши посочи дека за кратко ќе се утврди кога угостителите ќе можат да ги отворат вратите за гостите и како да работат.

Извор

https://sitel.com.mk/ugostitelite-predlagaat-dezinfekcija-na-bidermaerot-i-lotarija-na-svadbite-za-da-zapochnat-so-rabota

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *