ЛОЗАНОВСКА: ГИ РЕХАБИЛИТИРАВТЕ САМО ЛИЧНИТЕ И СЕМЕЈНИТЕ ПОЗИЦИИ А ЗА ГРАЃАНИТЕ НИШТО НЕ СТОРИВТЕ

Реакција од Др. Олга Лозановска, советник од ВМРО ДПМНЕ на прес-конференцијата на советничката на СДСМ Емилија Костурска.
Почитувани граѓани,

денешнава прес -конференција не е ништо друго туку можност во оваа прилика да ја изразиме нашата длабока загриженост за тоталниот колапс и хаос на власта, а особено со вчерашната прес-конференција на советничката Костурска, тоа повторно е најсилно изразено во нашата Битола и битолчани повторно се најзасегнати. До толку ли се во хаос, та ги измешале брзините и една локална советничка зборува за реконструкција на регионални патишта, до толку се ли е распуштено, та збунетата советничка ја оставија на ветрот да се срами со неколку километри реконструиран регионален пат по повеќе од половина година?

До толку ли се исплашени за неповратно изгубениот кредибилитет пред битолчани, па сега зборуваат, додуша повторно во идно време дека ќе ги реконструирале и патиштата во регионот?

И советничката Костурска, секако пред неа градоначалничката Петровска, која и без некоја разлика во претходниот, убаво си го помина периодот со пандемијата Ковид 19 во “карантин”, треба пред граѓаните да излезат и да им кажат зошто ништо не направија барем во мал дел да го рехабилитираат животот на битолчани, зошто не решија ниту еден проблем на граѓаните и зошто упорно и мнозинството во Советот и Петровска, ги одбиваат сите конструктивни наши предлози веќе повеќе од две години. Ниту едно ветување не реализираа, освен што успешно ги рехабилитираа своите лични животни позиции, а граѓаните ги доведоа до работ на егзистенцијата.

Но, ВМРО ДПМНЕ, знае како да работи рамо до рамо со граѓаните и сигурни сме дека обновата ќе биде набрзо светла иднина за Битола и нејзините граѓани.

И еве на крајот, повторно во рамките на нашата политичка пристојност, нема да зборуваме за личните удопства, туку ја повикуваме онака исто како вчера, одважно, советничката Костурска тоа сама да им го соопшти на битолчани, чии ставови би требало да ги застапува, а проблемите со кои се соочуваат да ги решава.

До каде е проектот за гасификација, до каде е изградбата на базенот, Офицерски , каде се новите фабрики и вработувања за битолчани што ќе ги отворавте или ќе ги отворите?

Колешке Костурска, нестрпливи сме и ние и граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *