EK: Велика Британија да го плати долгот и ако нема договор

Велика Британија треба да ги почитува своите финансиски обврски во случај на Брегзит без договор, што е еден од “предусловите” за отворање на преговорите за идниот договор за трговија, соопшти денеска Европската комисија.

Во соопштението е наведено дека Лондон треба да обезбеди “почитување на финансиските обврски кои Велика Британија ги презела како членка на ЕУ”.

Според договорот кој минатата година бил потпишан меѓу ЕУ и британската премиерка во заминување Тереза ​​Меј, Лондон треба да плати на Брисел околу 44 милијарди евра на име на буџетски на обврски до крајот на 2020 година. Меѓутоа, британскиот парламент одбил да го ратификува споменатиот договорот, па Брегзит е одложен до 31 октомври.

Борис Џонсон, еден од фаворитите во трката за новиот британски премиер, изјавил дека е подготвен да ја напушти ЕУ на тој датум без договор. ЕУ соопштила дека во тој случај нема да има преоден период следната година – и дека на тој начин Британија ќе заштеди 12 милијарди евра – но остатокот на долгот мора да се плати.

Џонсон истакнал дека одбивањето на Велика Британија да ја плати сметката ја зајакнала позицијата во преговорите за распаѓањето, но ЕУ истакнува дека таквите преговори нема да почнат додека Лондон не ја плати споменатата сума.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *