Huawei веќе испорача милион телефони со HongMeng оперативен систем

Huawei веќе успеа да испорача милион паметни телефони со нивниот оперативен систем, наречен HongMeng.

Како што пренесува Rosenblatt Securities, не е јасно дали се работи за тест примероци или за готови уреди кои се подготвени за испорака.

Извештајот открил дека внатрешниот софтвер е компатибилен со сите Android апликации и дека ,,безбедносните функции за заштита на личните податоци се подобрени”.

China Daily ја пренесува изјавата на Yu Chengdong (познат и како Ричард Ју), извршниот директор на компанијата Huawei, кој изјавил дека оперативниот систем на компанијата ќе биде достапен од оваа есен или најдоцна во пролет следната година. Новиот оперативен систем ќе може да се инсталира на мобилни телефони, компјутери, таблети, телевизори, автомобили и сегде каде може да се инсталира некој оперативен систем.

Иако Соединетите Држави ја одложија забраната за трговија со компанијата Huawei за 90 дена на 20 мај, производителот со седиште во Шенжен нема намера да чека до конечно решение на проблемите, туку се фокусира на транзицијата на неговиот оперативен систем кој е во подготовка веќе неколку години.

Huawei Central, веб-сајт кој главно известува за вести од технолошкиот гигант, објави дека ознаката “HongMeng” веќе е регистрирана на различни пазари, како што се Канада, Европа, Јужна Кореја и Мексико.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *