ФЛАСТЕРОТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ОД СРЦЕВ УДАР Е ПОДГОТВЕН ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА ЛУЃЕ

Наскоро ќе почне да се тестира на луѓе природен фластер за срце , направен од милион матични клетки , со кој може да се поправат оштетувањата на срцето предизвикани од срцев удар.

Живата крпеница на срцето е фасцинантен изум. Се одгледува во лаборатории од примерок на клетки од пациентот за да не дојде до отфрлање на ткивото . Се закачува на оштетениот дел на срцето , а потоа самиот се претвора во активен мускул.

Фластерот ослободува и хемиски соединенија што ги обновуваат постоечките клетки на срцето. До сега тестирањата на лабораториски животни се покажаа успешни , а тестирањето на лиѓе ќе почне во наредните две години, тврдат кардиолозите од Империјал Колеџот во Лондон.

,, Се надеваме дека наскоро на пациентите по срцевиот удар ќе можеме да им понудиме вакви рутински третмани. Би можеле покрај лекарствата на пациентите да им поставиме таков фластер.” , вели докторот Ричард Џобур.

Срцевиот удар настанува кога затнувањето на артериите го блокираат дотокот на крв во срцевиот мускул поради што во него не доаѓа кислород и хранливи материи. Таков удар може да предизвика трајно оштетување на срцевиот мускул и да доведе до негово неизлечиво затајување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *