Трамп: Тарифите за Кина може да се големат за 300 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување и зголемување на тарифите за стоки од Кина во вкупна вредност од околу 300 милијарди долари годишно.

Трамп го предупреди Пекинг дека би можел да воведе такси од 300 милијарди долари за кинеските стоки, но додаде дека сè уште се надева на договор.

„Се случуваат интересни работи. Ќе видиме што ќе се случи. Можам да ги зголемам таксите за најмалку 300 милијарди долари, и јас ќе го сторам тоа во вистинско време”, изјави Трамп за новинарите.

Американскиот претседател не објасни детално која стока може да биде цел овој пат, но тој се сомнева дека Кина и Мексико сакаат некој вид на договор среде комерцијална војна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *