Отворен новиот автопат Скопје – Штип: Патарината во два правци ќе чини 320 денари

По скоро две години одложување од денеска возачите  кочено  можат да возат по новиот автопат Миладиновци – Штип. По новата делница од главниот град до Источниот дел на земјава  ќе се патува  30 минути.

Директорот на државни патишта Китанов посочи дека автопатото  со должина од 47 километри е пуштен затоа што биле исполнети сите услови.

Уште годинава возачите кои ќе патуваат од Скопје до  Штип  ќе плаќаат една патарина. Постоечката кај Куманово која чини 40 денари. А од следната на новиот автопат предвидено е да има уште две нови наплатни станици. На едната ќе се наплатува 50 , а  на другата 70 денари.

Од следната недела со одлука на Влада  ќе биде пуштена во употреба една од предвидените две наплатни станици на автопатот  Демир Капија – Смоквица ,  ќе чини 100 денари. Другата ќе биде готова до крајот на годинава и таму ќе се наплаѓаат 80 денари.

Со  новите давачки од Скопје од границата со Грција граѓаните ќе треба да платат 360 денари во правец.

Цените на постоечките патарини остануваат исти, за странските државјани за половина евро поевтинуваат патарината кај Романовце и Стоби од 1, 50 на едно евро.  Моторџиите пак ќе плаќаат за 20 денари помалку.. Новите цени ќе важат откако ќе бидат објавени во служвбен весник.

Автопатот Миладиновци – Штип почна да се гради во 2014, а требаше да биде пуштен во употреба во 2017 година. Чини 220 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *