Нарко бомби ја тресат Албанија: Снимкиод од телефонски разговори на нарко-барон кој купувал гласови за Еди Рама…

????????????????????????????????????

Германскиот лист “Билд“ објавил снимки за време на телефонски разговори , кои покажуваат еден нарко-барон купува гласови за Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама

Во ек на протести против власта во Албанија, но и размислувањата во дипломатскиот ешалон околу враќање на визи за граѓаните на Албанија. објавени се шест снимки кои поизлегуваат од истрага на албанската полиција под назив “Случај 339/1“

Снимките се направени пред избори во 2017 година а сега е објавено само еден дел од широката колекција.

“Билд“ пишува дека тоа е само еден од десетина случаи ширум Албанија, и повеќето од нив до сега биле под тепих, како и тоа истражителите “или се заќутени, или побегнале во странство“.

“Во конкретниот случај, станува збор за ма*ијашотАстрит Авдилај кој по оцена на истражител, шеф на клан со најмалку 44 лица кои се занимаваат со организирана меѓународна трговија со кокаин и хероин во регионот околу албанското пристаниште Драч.

Абдилај и неговиот брат го водат кланот од гратчето Шијак“, пишува “Билд“. Листот додава дека Авдилај после тие избори е уапсен во меѓународна истрага заедно со други членови на кланот и двата браќа, но повторно се нашол на слобода – наводно, имал депресија која му оневозможува престој во затвор.

“Снимките покажуваат како ма*ијата осигурала политичарот и владеечката Социјалистичката партија Еди Рама да биде избран. Градоначалникот на Драч, втор по големина во Албанија, кој доаѓа од иста партија, исто така бил вклучен во ова“, пишува Билд.

На снимките се слуша како ма*ијашкиот шеф разговара со локални политичари, градоначалници од неговиот роден град и Драч за идниот функционер на Социјалистичката партија и како се организираат во купување на гласови за него.

“Драч и второт приморски град Валона значајни се за ма*ијата : судејќи по истражителите, кокаин и хероин доаѓа во Албанија токму преку овие градови. Од таму дро*ата вклучувајќи ја и марихуаната, која се одгледува ширим Албанија, се шверцува во Италија во северна и централна Европа. Профитот е огромен“ – заклучува “Билд“

Листот на нарекува Албанија “нарко-тврдина во Европа“ и наведува дека произвотството и криумчерењето на марихуана станала најважна привреда гранка во земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *