Спортски потег! Барселона и Веспрем му ја честитаа титулата на Вардар

Иако им го уништија сонот за европска титула, од ривалите на Вардар на фајнал фор турнирот во Келн, Барселона и Веспрем на социјалните мрежи им честитаа ја честитаа на „црвено-црните“ втората ѕвездичка која треба да се сошие на грбот.

„Честитки до РК Вардар“, напишаа од финалниот противник Веспрем, додека Барселона додаде: „Честитки на РК Вардар за уште една европска титула“.

Честитки дојдоа и од клубот на Кирил Лазаров, Нант, како и од СЕХА Газпром лигата, каде што Вардар и оваа година ја освои титулата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *