Промоција на Кедев по повод 10 години од искачувањето на Монт Еверест

Во малата сала на Македонската филхармонија, вечерва (19 часот), по повод 10-те години од искачувањето на Монт Еверест, Сашко Кедев ќе одржи презентација насловена „На врвот на светот и потоа“. Кедев е третиот Македонец (по Димитар Илиевски-Мурато во 1989 г. и Глигор Делев во 2007 година) кој пред 10 години, на 19 мај 2009 година, го искачи највисокиот врв на светот (8.848 метри). Кедев е и единствениот Македонец што ги има искачено највисоките врвови на сите седум континенти. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *