Такси превозот во Битола поскапува

Такси превозот поскапува за најмногу 10 денари. Ако досега некоја релација ве чинеше 50 денари, за истата таа релација сега би платиле најмногу 60 денари. На последната седница на Совет од страна на советниците беше донесена Одлука со која стартот на такси превозот ќе се регулира во граница од 20 до 30 денари, по желба на такси компаниите. Одлуката беше донесена на барање на Здружението на лиценцирани такси превозници во Битола. Пред неполн месец Здружението побара зголемување на цената за такси услугите. Побараа стартот од 20 да биде 30 денари, а за секој изминат километар, наместо 20 денари да се наплаќа 23 денари.Со новата Одлука второто барање не им беше прифатено. Цената за изминат километар останува иста.

-Советот на општина Битола донесе одлука со која стартот на такси превозот ќе се регулира во една граница од 20 до 30 денари и оставено му е слободно на такси компаниите да одлучат како тоа ќе го регулираат. Десега такси превозот беше регулиран со фиксна цена, стартот беше 20 денари, сега ќе биде од 20 до 30 денари во зависност од желбата на таксистите, со што секое возење понатаму за граѓаните би било поскапо најмногу до 10 денари. Ако плаќале 100 денари сега ќе платат 110 денари, или ако се возеле за 50 денари сега да биде 60 денари. Цената на извозениот километар останува иста. Оваа одлука е донесена на барање на такси превозниците кои имаат свои приватни компании и останува нивен приватен бизнис, рече Валентин Груевски, претседател на Совет.

Инаку Здружението на лиценцирани такси превозници од Битола брои околу 200 возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *