Силно невреме во Преспа

Силно невреме владееше попладнево на територијата на целата земја, а најтешко беше погоден преспанскиот крај, при што десетина села во Преспа се без струја. Ова го потврди градоначалникот Живко Гошаревски, а информацијата ја пренесе „САКАМДАКАЖАМ.МК“.

Жителите за порталот велат дека вакво невреме не паметат со години. Било проследено со врнежи од дожд и град, а неколку куќи останале без покрив.

„Ни се случи ужас, како ураган да не погоди. Сè што имавме од градинарски култури е паднато по земја. Ќерамиди летаа од куќите на сите страни. Оџаци паѓаа, токму од нашата куќа падна оџакот. На сите страни има искршени дрвја, искинати жици. Три часа сме без струја. Во дворот имаме голем орев , од силниот ветер гранките ни влегоа дома“, вели Весна Арсовска Митревска од село Стење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *