По половина век власта првпат ја бојкотира Семакедонската средба во Трново

За прв пат по половина век, власта целосно ја бојкотира манифестацијата што се одржува во битолското село Трново, во чест на големиот национален и верски празник Илинден. Во присуство на нашинци од дијаспората, гости од Албанија и Грција, на Семакедонската средба на која се одбележуваа – 48 Иселеничка средба и 39 Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, организаторите од Матицата на иселениците, од здружението “Македон“ и од Светскиот македонски конгрес, но и сите гости, имаа можност на дело да видат како овој пат Илинден наместо да обединува, разединуваше.

Имаме гости од целата република, од соседството и од дијаспората. Денес не знаеме кои се причините зошто немаме присуство од локалната самоуправа и од власта. Беа уредно поканети да присуствуваат, но не добивме одговор – рече Александар Јаневски, претседател на Здружението на Македонците и децата-бегалци од Егејска Македонија “Македон“.

Ние тука имаме други видни гости, прави патриоти, прави Македонци. Никого на сила не можеме да го правиме човек и патриот и да си ја сака нацијата, татковината и државата – рече претседателот на Матицата на иселениците Иван Петревски Џо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *