Пивото е добро за срце и бубрези, но не претерувајте

Нема причина да чувствувате грижа на совест ако со ручекот сакате да пиете пиво, се разбира, под услов да не претерувате со тоа задоволство. Затоа што две чаши или едно шише на ден на организмот му носи повеќекратна корист, покажуваат истражувањата.

Пивото корисно делува на здравјето бидејќи ги содржи сите минерали од житни култури од кои е направен, а тоа е најчесто јачмен, односно јачменов слад.

Најмногу има калиум, калциум, фосфор и магнезиум, додека наспроти тоа, содржи многу малку натриум, па многу го пијат и оние што се на диета.

Се препорачува и на оние кои страдаат од бубрежни камења, бидејќи ја зголемува секрецијата на урината и го забрзува растварањето на помали камења и нивна елиминација.

Покрај тоа, пивото е особено богато со витамин Б6 кој го штити срцето, крвните садови и ја смирува нервната напнатост.

Всушност, шише пиво дневно ги задоволува потребите на телото за витамините од групата Б, а помага и на метаболизмот, како и исхрана на кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *