Партиите седнуваат на заедничка маса за Законот за ЈО, неделава ќе се дебатира и за пописот

Деновиве се очекува работни групи од партиите да седнат на заедничка маса за да се разговара за Законот за јавно обвинителство и за пописот.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека денеска треба да се одржи првата обновена работна средба за текстот по Законот за јавно обвинителската сфера.

-За денеска е таа чинам закажана, а до крајот на неделата треба да се одржи и средба на работните групи за Законот за попис. Сето ова би сакал да истакнам дека е дел од она што ВМРО-ДПМНЕ го тврдеше, а тоа е дека не може да има лидерска средба без да се дојде до некакви заеднички допирни точки помеѓу ставовите на власта и на опозицијата при изработка на еден закон. Но се уште ако и дојде до такви заеднички точки за овие две прашања законот за јавно обвинителство и Законот за попис, сепак остануваме на ставот дека е потребно на лидерска средба доколку се повика да се разговара за организирање на предвремени парламентарни избори, истакна тој.

Стоилковски беше прашан и со какви очекувања седнува ВМРО-ДПМНЕ на преговарачка маса.

-Во однос на очекувањата засега би рекол дека е добро што власта прифати да седне повторно да разговара. Овој пат можеби поискрено и поотворено во насока на прифаќање на забелешките и на укажувањата кои што се од наша страна за она што треба да преставува закон кој што ќе ја регулира јавно обвинителската сфера, знаеме дека тој процес како заврши. Беа прифатени принципите преставени од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и воопшто беа прескокнати од страна на владејачкото мнозинство, посочи тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *