Отворен фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“

Со дефиле на фолклорни групи и друштва од државата и светот кое се одржа на Широк Сокак и со орото „Комитско“ во изведба на КУД Илинден од Битола кое се одигра на отворена сцена во поранешното ракометно игралиште, вчера во Битола се означи официјалниот почеток на 49. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ.

На петте фестивалски вечери, стандардизирани според Светската асоцијација на фолклорни фестивали-ЦИОФФ, во Битола ќе настапат играорци од три континенти кои ќе ги презентираат националната традиција и фолклорните богатства на своите земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *