Од 1 јули намалени цени на роаминг услугите

Од 1 јули македонските граѓани кои ќе патуваат во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора или БиХ, ќе плаќаат за 90 отсто пониски цени за роаминг. Согласно Договорот што овој април го потпишаа земјите од регионот минута појдовен разговор од Македонија кон некоја од земјите од Западен Балкан или обратно, наместо 64 денари колку што изнесува сега, ќе чини 4,3 денари. За дојдовен повик, пак, минута разговоров ќе се плаќа 2,46 денари, наместо сегашните 25 денари.

Значително поевтинуваат и СМС пораките од 14,1 на 2,1 денар. Поевтинува и интернетот во роаминг, кој од 1 јули ќе чини 1,5 денари за мегабајт, наместо досегашните 218 денари за мегабајт.

Договорот што го потпишаа земјите од регионот предвидува целосно укинување на роамингот во земјите од Западен Балкан во 2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *