Од Саатот до Шеталиште, се одржа битолска парада на гордост

Во неделата низ Широк Сокак, почнувајќи од паркот кај Саат кулата па се до спортката сала “Боро Чурлевски“  се одржа првата Битолска парада на гордоста, која беше организирано преку социјалните мрежи.

Парадата, со говор на отец Стеван Здравески, заврши на платото пред спортската сала, каде тој уште еднаш потсети на традиционалните вредности кои треба да се почитуваат, а цитираше и извадоци од Библијата.

Инаку, во Битолската парада на гордоста учествуваа голем број на битолчани, а меѓу нив имаше  мајки и татковци со своите деца, професори, спортисти, навивачи, свештени лица…

Битолската парада на гордоста помина достинствено и мирно, без никакви инциденти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *