На 2-ри август, во Трново, по 48. пат Семакедонска средба

Во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН на 2 август на големиот христијански празник Свети Отец Пророк Илија – Илинден, во потпелистерското село Трново, битолско, во дворот на црквата “Успение на Пресвета Богородица“ ќе се одржи традиционалната 48 Семакедонска Средба Трново 2019 и 39. Погранична Средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

За претстојната Семакедонска средба, зборуваше новоизбраниот Претседател е на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Александар Јаневски кои рече:-На Семакедонската средба годинава, се очекуваат повеќе од десет илјади Македонци од сите делови на Македонија и од целиот свет. Радува фактот што оваа средба од година во година е се повеќе и повеќе посетувана од што поголем број на млади луѓе, а исто така и голем е бројот на кои што се вклучени и во самата организација на средбата. Семакедонската средба започнува во 10.30 часот а ќе трае до 12.30 часот, по што ќе продолжи со општонародна веселба.

За тоа кој ќе зборува на средбата Јаневски рече:

-Во официјалниот дел покрај гостите, свое обраќање ќе имаат претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески, претседателот на  Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола Александар Јаневски, архимандрит Никодим Царкњас, Пале Колефски градоначалник на општина Пустец, Васил Стерјовски пратеник во Собанието на Република Албанија и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

На прес-конференцијата зборуваше и основачот на Александар Поповски, поранешен претседател на Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија кој рече:-Очекуваме повеќе илјаден народ да биде на Семакдонската средба во Трново на 2 август во дворот на црквата “Св. Богородица“. Ние сме најстарото здружение ов ваков вид кај нас и сме дел од организацијата на средбата. Упативме покана до Општина Битола да бидат покровители на средбата, а да се обрати и градоначалничката на Битола. Сакам да ги поканам сите да бидат во Трново на една семакедонско обединување.

Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат Културно-уметничкото друштво “Гоце Делчев“ од Битола и естрадни уметници.

Со сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и во светот, само Македонија е наш единствен заеднички именител, само Македонија е наш единствен заеднички содржател! Затоа, организаторите повикуваат на семакедонското помирување и обединување за одбрана на името и идентитетот, затоа што во единството е силата за одбрана на државата и нацијата!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *