Кристин Лагард поднесе оставка во ММФ

Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард поднела оставка на таа функција, две недели откако е предложена за нова директорка на Европската централна банка.

Таа рекла дека оставката, која стапува на сила на 12. септември, ќе го забрза изборот на нејзин наследник, пренесува Ројтерс.

Со голема сигурност кога станува збор за процесот на мое именување за претседателка на ЕЦБ и време кое за тоа е потребно, донесов одлука во најдобар интерес за ММФ“, навела Лагард во соопштението.

Именувањето на Лагард треба да го одобри Европскиот парламент.Facebook24TwitterEmail

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *