Заев во посета на битолскиот регион

Skoplje, 17. oktobra 2017 - Premijer Makedonije Zoran Zaev na konferenciji za novinaer nakon plenarnog panela na Samitu 100 lidera. FOTO TANJUG/ DRAGAN KUJUNDZIC/ bb

Премиерот Зоран Заев денеска ќе го посети битолскиот регион. Тој во битолското село Кравари ќе се обрати на настанот по повод доделувањето на првите персонализирани картички за покривање на 30 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. На настанот ќе присуствуваат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Потоа, во просториите на Општина Битола, премиерот Заев ќе додели решенија за капитални проекти, на општините од пелагонискиот регион кои аплицирале во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Како што е најавено, Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески меѓу битолските села Драгожани и Лисолај ќе извршат теренски увид на градежните активности од рехабилитацијата на регионалниот пат Битола-Демир Хисар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *