ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ИМА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Урсула Фон Дер Лајен избрана со тесно мнозинство

Со 383 пратеници „за“ и 327 пратеници „против“ Европскиот парламент го избра новиот претседател на Европската комисија.

Урсула Фон Дер Лајен ќе биде првата жена претседател на комисијата, таа треба да ја превземе должноста од актуелниот претседател на Европската комисијата Жан Клод Јункер за три месеци, односно на 1 ноември.

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли ги соопшти резултатите од гласањето и И честиташе на Урсула Фон Дер Лајен за нејзиниот избор. 

Фон Дер Лајен пред гласањето посочи дека ќе се залага за борба против климатските промени, за борба против сиромаштијата во Европа, но исто така нагласи и дека ќе ги застапува правата на жените.

Додека по нејзиниот официјален избор за Претседател на Европската Комисија, таа истакна дека во следните пет години сака да ја направи Европа поеколошка, Европа која им служи на луѓето, економски силна и дигитална.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *