Во Охрид времена забрана за градење,легализација и носење на планови

Во охридскиот регион времено се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење, за вклопување на бесправно изградени објекти, и носење на планови.

Владата на вчерашната седница утврди предлог-закон за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион, во кој се имплементирани обврските што произлегуваат од Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура.

Најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегување во сила на законот треба да се донесе план за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион.

Од владата истакнуваат дека посветено работеле на донесување на овој закон. Изминатите денови пак, јавноста но и екологистите, силно реагираа на предупредувањата на УНЕСКО Охрид да се најде на црната листа

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *