АПОКАЛИПСА НА ХАЛКИДИКИ: Невремето однесе и жртви

Шест лица го загубиле животот во невремето коешто го зафати полуостровот Халкидики, во северна Грција. Според Ројтерс станува за лица кои се странци, пренесуваат медиумите од регионот.

Според медимот двајца од жртвите се возрасни лица од Чешка, Една жена од Романија и нејзиниот 8 годишен син и еден маж и едно момче од Русија. По невремето околу 100 лица побарале медицинска помош.

Нанесени се големи материјални штети кај продавници, ресторани, кафичи, но и кај куќи, на некои места на Халкидики нема ниту струја.

Полуостровот е дестинација која е избрана од голем број на македонски туристи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *